Рамстор Мол Ве разубавува и ја разгалува секоја жена за празникот на жената 8-ми март.
Во трговскиот центар од петок (06.03.2015) до недела (08.03.2015) ќе се организираат повеќе активности. Во недела од 12 до 18 часот секоја припадничка на понежниот пол која ќе го посети трговскиот центар може да одбере бесплатна фризура, шминка или декорација на нокти, како подарок од трговскиот центар за денот на жената.
По разубавувањето, својата индивидуалност може да ја нагласи со уникатно парче накит од штандовите на креативните дизајнери. Богатата понуда на активности во недела ќе биде збогатена и со голем концерт на Ламбе Алабаковски, кој ќе се одржи во новиот дел за брза храна во трговскиот центар со почеток во 14.00 часот.
Освен за понежниот пол претставниците на Рамстор Мол најавуваат и активности за сите лојални потрошувачи. Од петок до недела според следните термини: петок 12 до 16 часот, сабота од 15 до 18 часот и недела од 12 до 18 часот, посетителите кои досега не ги искажале своите емоции, преку специјална табла за мисли ќе може да пренесат порака за нивната посебна жена. Супер жена е мојата …
Среќен 8-ми март, Рамстор Мол !