Рамстор Мол започнува со нова интересна кампања која го носи името: Ramstore Wish Box.
Од денес (06.02) па се до празникот на виното и љубовта секој посетител ќе добие можност да си одбере подарок од брендовите во трговскиот, на посебен купон да остави најкреативен одговор зошто го сака тој подарок и да очекува неговата желба да биде исполнета.
Претставници на трговскиот центар велат дека со оваа кампања започнуваат низата на активности планирани за 2015 година кои во прв план ќе ги имаат верните посетители на Рамстор Мол.
Во наредниот период ќе се реализираат голем број на проекти кои со себе ќе донесат многу забава, музика, подароци и пријатни моменти поминати во омилениот Рамстор Мол.
Побрзајте во Рамстор Мол, одберете си подарок бидете креативни и можеби вашата желба ќе биде исполнета.