Рамстор Македонија со повик за вработување до лицата со оштетен слух и говор

Со кампањата ,,Заедно, до подобри резултати,, Рамстор Македонија ги охрабрува сите лица со оштетен слух, говор и глас да се придружат на тимот и да бидат дел од успешните вработувања.

Декември е меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Со кампањата за вработување, Рамстор истовремено го одбележува денот и ја продолжува праксата за општествено – одговорна компанија која ги негува релациите со сите страни и ги почитува различностите.

Директорката на одделот за човечки ресури на Рамстор- Костанца Мијалкова по овој повод изјави: Нашата компанија Ве охрабрува и Вие да бидете дел од нашиот тим на успешни вработувања. Со задоволство ги покануваме лицата со оштетен слух, глас и говор да аплицираат за работни места во некој од нашите маркети . Претворете ги Вашите потреби во предност заедно со тимот на РАМСТОР МАКЕДОНИЈА.

Сите заинтересирани лица, можат да ја поднесат својата кратка биографија и мотивационо писмо на: hr@ramstore.com.mk или на адреса ул. Свети Кирил и Методиј бр.13, 1000 Скопје.

 

 

- Реклама -