Рама: Ништо не го менува ставот на Албанија дека Србија треба да го признае Косово

Тирана, 25 септември 2022 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама попладнево објави дел од говорот одржан вчера на Генералното собрание на Обединетите нации, каде се фокусира на прашањето за дијалогот Косово – Србија и односите меѓу нив.

Во својот говор Рама истакнал дека „ништо не ја менува позицијата на Албанија дека Србија треба да го признае Косово и време е ќор-сокакот во дијалогот да се надмине со храброст, од двете страни, за да се постигне решителен договор поддржан од ЕУ и САД“.

Рама порачал дека „најдобрата порака на Отворен Балкан, што сакам да ја споделам со вас денес, е дека не е неопходно да се договориш за сè за да го оставиш зад себе темното минато и да градиме, чекор по чекор една поинаква иднина, справување со недоразбирањата на сè пољубезен начин и секогаш наоѓајќи сè повеќе и повеќе причини, оние добрите, за да се решат и недоразбирањата“.

„Зајакнувајќи ги односите со Србија и одејќи напред кон унапредување на билатералната и регионалната соработка, Албанија не мрдна и нема да мрдне ниту милиметар од својот непоколеблив став за поддршка на потребата секоја земја, дури и меѓу вас што не го сторила тоа, вклучително и Србија, да ја признае Република Косово“, рекол Рама, пренесува државната агенција АТА.

- Реклама -