Рама ја исклучи можноста за оставка, повика на дијалог

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика демонстрантите во таа земја на дијалог денес, додека во исто време, на 18-тиот ден од протестот, тие стојат зад барањето тој да поднесе оставка, објавува албански „Јуроњуз“.

0
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика на дијалог
Фото: Опсервер

Рама објави слики од столчиња поставени пред кабинетот на премиерот на социјалните мрежи, со што истовремено повика на разговори со студентите, а ја исклучи можноста за оставка.

Утрово, Рама го повтори повикот до студентите за дијалог, кој досега го одбиваа.

Реклама

Студентските протести од претходните денови беа обележани со судири со полицијата, тензии, апсења и повредени учесници.

На протестите им се придружија и универзитетски професори, кои најавија бојкот на наставата на факултетите.