Раиси: Американскиот неупсех во Авганистан е можност за траен мир

Техеран, 16 август 2021 (МИА) – Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, денеска изјави дека американскиот воен неуспех во Авганистан е можност за воспоставување на траен мир во таа земја.

„Американскиот воен пораз и повлекувањето мора да станат можност за обнова на животот, безбедноста и трајниот мир во Авганистан“, посочи Раиси.

Иранските власти вчера соопштија дека подготвиле привремено сместување во три покраини за авганистанските бегалци.

Талибанците вчера ја презедоа контролата над Кабул откако странските сили се повлекоа од Авганистан, а се разбега припадниците на авганистанската армија.

Шиитскиот Иран е непријател на радикалните сунитски талибанци со децении, но изминатите неколку години се подобруваат односите. Техеран минатиот месец беше домаќин на состанокот на тогашната авганистанска влада и високи талибански претставници.

Прочитајте и:  Дуда: Зеленото светло од САД за напади во внатрешноста на Русија може да биде одлучувачко за војната

САД претходно го обвинуваа Иран дека тајно ги помага талибанците во нивната борба против американските сили, но Техеран демантираше.

Во Иран во моментот има два милиони авганистански бегалци без документи и 800.000 регистрирани.

- Реклама -