Раѓањето во вода не е препорачливо

Излегува дека водните породувања можат да бидат опасни и дури смртоносни како за мајката така и за нејзиното дете, велат американските доктори.

Медицинските лица ја нагласуваат можноста за „ретки, но сериозни” проблеми кај новороденчињата, вклучувајќи потенцијално смртоносна инфекции, тешки крварења и давење.

Во известувањата, објавени од Американската академија за педијатрија и Американскиот колеџ на акушери и гинеколози, заклучуваат дека жените не треба рутински да се подложуваат на подводни раѓања, а овој метод само да се применува при медицински испитувања.

Овој тип на пораѓање е исклучително популарно во Велика Британија, каде речиси во секое породилно одделение има  воден базен. Теоријата на некои британски специјалисти е дека  водата може да го спречи стресот што родилките го добиваат  при првото раѓање.

На Островот лекарите сметаат дека младите жени кои немаат компликации при раѓање можат спокојно да го дадат живот на своето  дете во вода, додека медицинските лица во САД се многу повнимателни кон овој метод.

- Реклама -