Радост, подароци и претстави за загрозените дечиња: Хуманитарен караван на Inner Wheel Club од Скопје

Дамите, членови на Inner Wheel Club од Скопје на почетокот на оваа недела реализираа хуманитарен караван во кој беа опфатени две државни училишта, а ќе продолжи во Јануари за Божиќните празници. Учениците од единственото средно училиште и дом за глувонеми  “Партенија Зографски“ во Скопје и Децата од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ благодарение на клубот уживаа во програмата на магионичар и претставата “Дедо Мраз во розово”  која опфати читање на сказни, а беше изведена од актерите од Драмски театар кои се вклучија во хуманитарната акција. Двете посети на училиштата завршија со дружба на членовите со децата и поделба на новогодишни пакетчиња.

_MG_8851

“ Следејќи ја главата цел и мисија на нашиот клуб ширење на позитивни искуства за жените и децата во светот, оваа година ја завршуваме со новогодишен хуманитарен караван кој има за цел да донесе радост и веселба во секојдневието на овие деца. Како жени и мајки, гледајќи ги насмевките на децата во изминативе два дена, полни ни се срцата и сме навистинска среќни што на кратко успеавме заедно со нив да избегаме од секојдневието и да уживаме во овој новогодишен период”, изјави Анета Антова Пешева, претседател на клубот.

_MG_8970

Интернационалниот клуб Inner Wheel поврзува влијателни жени од целиот свет. Македонскиот клуб е формиран во 2004 година. Од неговата регистрација до денес реализирани се голем број на хуманитарни проекти и кампањи. Мисијата на Inner Wheel Ckopje е промоција и организација на активности, услуги и позитивни практики, со цел подобрување на животот на жените и децата во светот, преку глобалната мрежа на членки, кои донираат на волонтерска основа – средства, посветеност и љубов на останатите.

_MG_9077

 

- Реклама -