Еден ден Шејн Годфри нашол напуштено куче на својот трем. Го здомил. Станале најдобри пријатели и сé тоа…
Неодамна, Годфри фатил сериозен грип. Работите страшно се искомплицирале и завршил во болница, каде што поминал 5 недели. Едно време докторите не биле сигурни ни дали ќе преживее.
За среќа, сé завршило добро, и по 5 недели Шејн се враќа дома, но видно ослабен и со лик променет до непрепознавање. Па да, во првиот момент кучето не го препознава. Ама тоа трае кратко. А после… после следуваат драми и топол пречек каков што само куче може да ти приреди.