Работниците плаќаат со живот за модерната електроника

Who pays the price? е краток документарен филм кој открива многу тајни што се кријат позади фабриките во Кина, каде се произведува најновата електроника.

SJJ-sad-poster-c2

Светот стана зависен од поседување на најскапите и најновите гаџети, но овој филм прикажува кој всушност вистински „наплаќа“ за нивното постоење.

Работниците ги кажуваат нивните тажни приказни, како животот ги натерал да прифатат да заработуваат на овој начин, но истовремено колку сите тие тешки хемикалии постојано ги трујат.

електро-1

За жал, тие плаќаат со нивните животи, уште на неполни 25 години страдаат од канцер и леукемија.

Погледнете го овој краток, но доволно моќен документарен филм:

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -