Работи кои секоја девојка треба да ги знае за сексот

Раговорот за сексот во време на формативните години може да биде многу чуден и незгоден. Но, незавино од тоа дали сте поминале формална едукација за сексот или на вас некој ви ја кажувал приказната за „пчелите и цвеќињата“, сепак, можеби ќе бидете доведени до некои изненадувања.

Huffington Post спроведе истражување меѓу читателите и побара од нив да кажат што би сакале да им кажеле за сексот пред да влезат во сексуалните односи. Еве некои од одговорите:

1. Нема достоинствен начин да „исчистите“, а вие сте таа која по завршувањето ќе бришете.

2. Мажите не секогаш ќе имаат поголем нагон од вас.

3. Имате право да имате секс колку сакате со кој сакате, без оглед на бројот.

4. Сексот е навистина фантастичен кога го имате со некој што го сакате.

5. Жените во сексот смеат да уживаат исто колку мажите.

6. Вистинскиот секс се разликува од оној во порно филмовите.

7. Не сте вредни како личност ако некој сака да има само секс со вас, ниту сте помалку вредни ако не се согласите.

8. Откријте што на вас ви одговара и побарајте го тоа затоа што вашиот партнер не може да чита мисли.

9. Во ред е да кажете „не“, бидејќи тоа не значи дека сте помалку секси.

10. Основа за добар секс е меѓусебно давање.

11. Многумина жени не доживуваат оргазам ако не им се стимулира и клиторисот. Се проценува околу 50-75 проценти од жените.

12. Предходно одредете како ќе се заштитете од несакана бременост или сексуална пренослива болест.

13. Жежок секс не значи и голема љубов.

14. Нормално е да имате сомневања и стравови поврзани со сексот, па и препорачливо е да се зборува повеќе за тоа.

15. Како и за сѐ друго, така и за добар секс потребна е пракса и искуство.

16. Исто така, може да биде и многу непријатен.

17. Вашиот сексуален врв немора да биде во 20-тите години.

18. Експериментирајте и забавувајте се во сексот.

- Реклама -