Што ве дебелее на работа

Седите по цел ден, под стрес посегнувате по чоколада, немате време да јадете па се прегладнувате, или, пак, прославите со колегите стануваат пречести. Ова се најчестите причини за дебелеење на работното местото.

Седење

54 отсто од луѓето се дебелеат само поради тоа што постојано седат, покажуваат резултатите од анкетата на careerbuilder.com. За да го избегнете тоа, наједноставно е да правите вежби со задникот додека седите.

Јадење под стрес

Ако се почувствувате стресно, наместо да посегнете по калорична храна, дишете длабоко. Секогаш чувајте свежо овошје, јогурт и јаткасто овошје на вашето биро.

Брза храна

Ако на работното место редовно ручате во некоја кафеана, тогаш шансите да качите некој килограм се навистина големи. Изберете некоја поздрава опција како салата со туна или варено пилешко месо.

Прескокнувате оброци

Ако не јадете ништо до крајот на работното време, голема е веројатноста дека прегладнети ќе издете многу повеќе калории, отколку што реално ви требаат. Наутро направете мала салата или сендвич и земете ги со себе.

- Реклама -