Путин во американско интервју: Русите живеат според руски, а не според американски закони

Во новото интервју со американската водителка Меган Кели за NBC News, Путин изјави дека Русите кои се обвинети дека се мешале во американските претседателски избори ќе одговараат само ако притоа прекршиле некој од руските закони, а не само затоа што САД така сакаат.

„Ако тие навистина прекршиле некој руски закон, ќе одговараат пред суд. Ако не прекршиле руски закон, немаме зошто да ги изведуваме пред суд. Редно е да сфатите дека рускиот народ не живее по американски, туку по руски закони, и така ќе биде и во иднина“, непоколебливо одговори Путин, во еден момент дури и потсмевнувајќи се на прашањето на контра-аргументите на новинарката.

Тој исто така додаде и дека обвинетите граѓани не ја претставуваат руската држава, т.е. дека во таа смисла му е сосема сеедно дали некои Руси се мешале или не се мешале во американските избори.

Прочитајте и:  Путин: Русија истрела балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Специјалниот обвинител на САД – Роберт Милер, претходно обвини 13 руски државјани и три правни лица дека се обиделе да влијаат на исходот на изборите во САД.

 

- Реклама -