Путин наполни 67, еве како го минува роденденот (ВИДЕО)

Во друштво на министерот за одбрана и уште неколку негови блиски соработници и пријатели, рускиот претседател Владимир Путин го прослави 67. роденден, далеку од државничките работи.

Да е некој друг, можеби првата асоцијација ќе ви биде некаква раскошна приватна забава на некој приватен остров, но бидејќи се работи за Путин, може низ мислите да ви помине и слика од Путин некаде далеку во некоја планина. Ако е ова второво, тотално сте во право. Рускиот претседател ја искористи ретката прилика од пар слободни денови и замина на разбистрување на умот и духот некаде во сибирската тајга. И портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, соопшти дека рускиот претседател планира роденденот да го помине некаде на отворено, со семејството и блиските пријатели.

Како што се гледа од видеото, Путин деновиве ги поминува во прошетки и чист воздух, искачување по планини, офф-роуд, уживање во пејзажите, како и берење шумски јагоди и печурки.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст

Иако поради збиениот распоред слободните денови се ретки за претседателот на една од најмоќните светски сили, Путин е познат по неговите авантури во природата. Дел од фотографиите од минатите негови излети имаат достигнато статус на меме, па така на интернет ќе најдете куп монтажи од типот Путин јава на мечка, или еве оваа, каде јава заедно со поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е претставен како мало исплашено дете.

- Реклама -