На годишната конференција на претседателот на Русија, Владимир Путин, не беше пропуштена и темата за Украина.
Путин истакна дека руската страна има интерес од што поскоро решавање на конфликтот во Украина.
“Ние имаме интерес овој конфликт што е можно поскоро да се реши, но не по цена на физичка ликвидација на луѓе во југоисточна Украина”, рече тој.
“Ние не се подготвуваме да воведуваме некакви санкции спрема Украина”, истакна рускиот лидер.
За Украина едноставно повеќе нема да има отстапки и преференции, појасни тој.