Путин ја засилува инвазијата врз Украина и бесмислено испраќа највеќе Руси досега да гинат, вели британскиот министер за одбрана

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс денеска изјави дека Русија ја засилува инвазијата на Украина и испраќа сè повеќе Руси во смрт отколку кога било од почетокот на војната.

„Путин ја засилува својата инвазија и бесмислено испраќа сè повеќе Руси да гинат отколку кога било од почетокот на војната. Украинската храброст и поддршката на Западот го кочат нивниот напредок, но не можеме да бидеме самозадоволни. На Украина ѝ треба нашата непоколеблива поддршка за да се бори и победи“, напиша Шапс на платформата Х.

Британското разузнавање денеска соопшти дека во изминатите шест недели е забележана веројатно највисоката стапка на руски жртви во војната досега. Големите загуби главно се предизвикани од руската офанзива на Донбас, градот Авдиевка, пренесува Укринформ.

Прочитајте и:  Подољак: Договор со Русија би било „договор со ѓаволот“

Во текот на ноември 2023 година, руските жртви, како што објави украинскиот Генералштаб, во просек изнесуваат 931 дневно.

МИА

- Реклама -