Путин го отвори самитот Русија-Африка, вети бесплатни житарки во наредните месеци за шест африкански земји

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го отвори самитот Русија-Африка во Санкт Петербург со ветување дека ќе достави бесплатни житарки „во следните месеци“ во шест африкански земји.

„Во следните месеци ќе можеме да обезбедиме бесплатна испорака на 25.000 до 50.000 тони жито“, рече Путин во говорот што го пренесе руската телевизија.

Како што наведе, житарките ќе бидат доставени во Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканска Република и Еритреја.

Африканските земји изразија загриженост по неодамнешното раскинување на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море.

Во Санкт Петербург денеска почна вториот дводневен самит Русија-Африка. Првиот се одржа во октомври 2019 година во Сочи, на Црното Море.

Прочитајте и:  Кремљ: Американската противракетна база во Полска бара соодветни мерки

Планирани се повеќе од 50 средби и тркалезни маси на бројни теми, од економска соработка до храна, преку енергија, безбедност, образование и здравство.

МИА

- Реклама -