Путин и Буш на игранка на руско народно (ВИДЕО)

Прес-службата на Кремљ, по повод 20 години од владеењето на рускиот претседател Владимир Путин (како претседател и премиер), за првпат објавува разни архивски материјали кои јавноста досега немала прилика да ги види.

Меѓу нив има и мошне интересни, како ова видео од 2008 година, на кое Путин, во друштво на својот тогашен американски колега Џорџ В. Буш, танцува на руска народна музика.

Се работи за посета на Буш на Сочи, некаде по самитот на НАТО во Букурешт, каде американскиот претседател притиcкaше Грузија и Украина да станат дел од НАТО.

Настрана политичките разлики, Буш и Путин „кликнaa“ многу порано, барем ако му веруваме на тогашниот американски претседател. Кога првпат се сретнаа во 2001 година, Буш рече дека „подобро ја запознал душата на Путин“. Путин, пак, оттогаш му беше во посета на ранчот во Тексас, како и во резиденцијата на семејството Буш во Мејн.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст

Средбата во Сочи впрочем беше и последната на која се сретнале како претседатели. Еден месец подоцна, Путин се откажа од позицијата претседател и стана премиер на Русија, пишува „Moscow Times“.

- Реклама -