Пушка што наместо да убива, сади цвеќиња

Се сеќавате на епизодата кога Пинк Пантер сади цвеќиња со сачмарка? Е па, Пер Кромвел и познатата шведска маркетинг агенција – Studio Total, ја преточија оваа идеја во нова реалност на модерната ера. Нивните Flower Shell сачми му даваат сосема поинаква и креативна намена на омиленото оружје на Терминатор – да засади нов живот.

pp seeds flower-shell-shotgun-per-cromwell-studio-total-1За демонстрацијата е одговорен Кромвел лично, стоејќи среде поле и пукајќи наоколу со неговата сачмарка. Само што, наместо смртоносно олово, тој испукува семиња. До сега, во форма на сачма, достапни се 12 видови цветни семиња, меќу кои и афион, бела рада, сончоглед, лаванда, каранфил и божур.

kromvel

Сачмите се специјално дизајнирани за да ги заштитат семињата од стерилизација или од оштетување при ударот на чкрапецот на пушката, а поткрепа е тоа што Кромвел тврди дека успешно засадил цело поле – 142 испукани семиња.

Уште подобро од самата намена на оваа цветна муниција е пораката што ја носи со себе: Зошто упорно креираме алати за деструкција, кога можеме да ги креираме за создавање?

- Реклама -