Наскоро би можел да биде срушен рекордниот трансфер на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид кој мина за сума од 94 милиони евра.
Тој рекорд би можел да биде срушен со оглед на планот на пребогатиот ПСЖ да испрати неверојатно понуда од 107 милиони евра за бразилската суперѕвезда Нејмар!
За три години најголемиот фудбалски талент на денешницата одигра 150 натпревари за клубот и за репрезентацијата притоа постигнувајќи 77 гола. Со своите 20 години младиот Бразилец би можел да стане најплатениот фудбалер на сите времиња.
Интерес за услугите на Нејмар од поодамна имаат и Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, но и Челзи, Реал и Барселона. Сепак, со ваква понуда дефинитивно во преден план избива ПСЖ.
Таткото на бразилскиот фудбалер претходно негираше можност за заминување на неговиот син во Европа пред СП 2014. Сепак, последниот период веќе не се исфрла ниту таквата можност.