Home Технологија Првото приватно вселенско летало ќе се докира на МВС

Првото приватно вселенско летало ќе се докира на МВС

0

станицаСледната мисија на SpaceX ќе биде пат до Меѓународната Вселенска Станица. Приватниот производител на ракети базиран во Хоторн, Калифорнија, вчера соопштил дека капсулата Змеј ќе биде лансирана на 30 ноември на тест лет до станицата во орбита. SpaceX вели дека лансирањето ќе биде проследено со докирање во станицата по повеќе од една недела.

Претставник на SpaceX изјавил: „Ова ќе биде тест лет во кој ќе прикажеме способноста за лансирање на Змеј, орбитирање на Земјата, докирање со Меѓународната Вселенска Станица, растоварање на товарот и безбедно враќање на Земјата. Кога капсулата ќе се поврзи со Меѓунардоната Вселенска Станица, астронаутите од станицата ќе влезат во капсулата и ќе го растоварат товарот.“

Капсулата нема да има екипаж, но наводно веќе постојат планови за лет со екипаж. Претставникот додал: „Очекуваме првата мисија со екипаж и подршка од NASA да биде во 2014. Капсулата има дијаметар од 3,65 метри и може удобно да смести седум астронаути.“ Со пензионирањето на шатлот, NASA зависи од приватни компании како SpaceX за справување со снабдувањето на вселенската станица и транспорт на астронуатите. До тогаш, вселенската агенција плаќа за транспорт на рускиот Сојуз.

Минатиот декември, Змеј капсулата го оствари првиот приватен лет до орбитата и назад. За време на тест летот капсулата симулирала некои од маневрите кои би биле потребни за докирање. Таа била лансирана од Кејп Канаверал во Флорида, орбитирала околу Земјата и се спуштила со падобран во Пацификот, околу 804 километри од брегот на Мексико по неколку часа. Претседателот и основач на SpaceX Елон Маск, и има инвестирано 100 милиони долари од своите пари во SpaceX, исто така сака да однесе астронаути до Марс.

Господин Маск вели дека Space Exploration Technologies, попозната како SpaceX, била примарно основана за да му помогне на човештвото со создавање човечко присуство надвор од Земјата. Неговата цел е да однесе астронаути до Црвената Планета во рок од една до две децении. Но пред тоа да се случи, лет до Марс без екипаж во Змеј капсулата, полна со научна опрема на NASA е веќе планирана. Летот, кој ќе чини 400 милиони, без цената на ракетата за лансирање, би можел да биде одржан во 2018 година. Господин Маск изјавил: „Преговараме со NASA за неколку потенцијални мисии кои ќе поминат 150 или 200 астрономски единици, преку орбитата на Плутон.“ [World’s first privately funded Spaceship to dock at International Space Station after Nasa’s fleet is retired]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here