Првите фотографии од снимањето на новиот Robocop

Во Мисисага, Онтарио започна снимањето на “Robocop”. Веќе се појавија првите фотографии во кои јасно се гледа новиот роботски полицаец кој изгледа малку необично.

Новиот Robocop има неколку костими од кои еден дури има способнст за трансформирање. Џоел Кинаман, актерот кој ќе го игра полицаецот, претходно коментираше дека неговото лице ќе биде видливо во поголемиот дел од приказната. Визирот на новиот шлем може да се подигне но тој е и проѕирен што значи дека лицето на актерот ќе биде јасно видливо.

Новиот Robocop ја задржал и својата десна рака што значи дека најверојатно ќе има неколку нежни сцени со Аби Корниш која ќе ја игра сопругата на полицаецот Марфи.

На снимањето беше присутен и овој футуристички полициски автомобил.

- Реклама -