Меѓународната унија за заштита на природата веќе не ги класифицира пандите како загрозен вид, бидејќи во периодот од 2003-та наваму, нивната популација е порасната за околу 17%. Што значи, (ќе) гледаме сé повеќе панда бебиња.
Зоолошката на Атланта ни нуди уште поголема и ретка привилегија – да видиме како дел од тие бебиња растат.
Новородено бебе панда обично тежи околу 100 грама, се раѓа розево (како и многу други „видови бебиња“), а телото му е долго околу 18 сантиметри. Првите три месеци од животот им се резервирани за зајакнување на екстремитетите, паралелно со развивањето на црните дамки на кожата. По 100 дена, крзнениве топки можат да изодат 1 метар и тежат 5-6 килограми. Обично им се потребни 2 години пред да можат да ја напуштат мајката и да се снаоѓаат самите.