Добредојдовте во ресторанот Funny Sex (Смешен секс) во Тајван, каде пенис-пудингот секогаш е присутен во менито.
Ресторанот е отворен во јужниот дел на Тајван. За некои ентериерот може да е здодевен и да изгледа евтин, но всушност според сопственикот Чен Ју во него е вложен многу труд и креација.
„Не е лесно да направите такви нешта, кои истовремено се декоративни, но да не се претерани”, коментира тој.
Без разлика дали диспензерот во тоалетите со различни фигури на мажи и жени во поза, или додатоци со совршена форма на пенис се претерани за некои луѓе, а забавни за други, сигурно е едно – тука лицата под 18 години не можат да се хранат.
Независно од сè и од декорот на ресторанот во него секогаш има клиенти. На некои од сепаретата има распоредени и секс кукли кои можете да ги поканите на вечера или само да се сликате со нив за спомен.
Според CNN овој ресторан нуди дури сексуално образование. Веројатно ова се должи на фактот дека во менито има информации за големината на пенисот и градите во различни земји во светот.