Првиот робот – домашен помошник

Неодамна јапонската телекомуникациска корпорација SoftBank објави дека ќе претстави свој робот, развиен во соработка со Aldebaran Robotics.

Тој се вика Pepper и неодамна според проектот требаше да бидат ставени дел од овие роботи како сервисен персонал во јапонски кафиња и други слични објекти, но веќе секој може да се здобие и со домашна верзија – за само $ 9000, информира aldebaran.com и објаснува кој е всушност Pepper .

20140606-164059-60059860

Pepper е можеби првиот домашен робот кој влегува во продажба – тој може да зборува јапонски, француски, англиски и шпански и го прави тоа со детски глас. Физиономијата на роботот е специјално дизајнирана така што изгледа пријатно и не предизвикува негативни емоции. Очите, кои се всушност исполнети со камери и сензори, се од типот „Мона Лиза“, односно каде и да застанете, ќе имате чувство дека Pepper ве набљудува. Тоа може да звучи малку морничаво, но всушност според SoftBank помага за полесна комуникација меѓу човекот и машината.

Pepper има доста развиени раце и прсти, но засега тие не можат да фаќаат и да се справат со многу предмети, односно воглавно, засега се користат за различни гестови и подобра социјална интеграција. За разлика од роботот на Honda – Asimo, тука инженерите одлучија да користат тркала наместо нозе. Тоа е ефикасен метод за придвижување чисто од енергетска гледна точка.

JULIETTE_DISPLACEMENT

Овој робот е еден Siri (системот на Apple) на тркала. Според креаторите, Pepper е претежно комуникациски робот кој со физичкото присуство ги олеснува социјалните прифаќања. Едвај ќе можете да го натерате да пере, пегла, чисти и готви, но можете да очекувате интересни разговори, па дури и шеги.

Дали роботот ќе има комерцијален успех?

Компанијата подготви посебен план, кај кој што оние кои сакаат да имаат робот ќе платат аванс, а преостанатиот износ ќе биде поделен на месечни рати за две години.

- Реклама -