Демонстрации на екрани кои можат да се виткаат се дел од технолошките саеми уште од првата појава на доволно мали преносни екрани. Оваа недела Самсунг го покажа најсилниот сигнал дека овие модерни направи би можеле да станат реалност.
Во јануари оваа година компанијата демонстрирала 4,5 инчен AMOLED екран кој е дебел само 0,3 милиметри и може да се витка. Сега има најава дека телефон кој ќе го користи овој екран – кој може да биде свиткан и да издржи удар од чекан – ќе биде претставен во вториот квартал од следната година. Технологијата зависи од слој „графин“ – лист од јаглеродни атоми – со дебелина на еден атом поставени на две страни од слој од течен кристал.
На почетокот на оваа година беше ослободен извештај дека Самсунг има капацитет за производство на големи количини на екрани до почетокот на 2012 – но никој не знаел за што би можеле да бидат. Подоцна се појавија и фотографии од концепт телефон кој ја користи оваа технологија – Galaxy Skin. Skin беше проект на студенти по дизајн користејќи го логото на Самсунг. Но потенцијалот на оваа технологија е огромен.
Телефони со екрани од графин би биле практично неуништливи и би нуделе инстантна предност над сите други смартфони на пазарот. Сега, според извештаите на International Business Times, направи слични на концептот Skin би можеле да бидат пуштени во продажба на очетокот на следната година. Извештајот бил значително специфичен, посочувајќи дека направата би понудила спецификации како AMOLED екран со висока резолуција 800×480, камера од осум мегапиксели и 1 гигабајт RAM како и процесор од 1,2 гигахерци.
Но Самсунг нема направено официјално соопштение за овој производ, и иако дефинитивно можат да ја произведуваат оваа технологија разликата помеѓу тоа и функционален телефон подготвен за масовно производство е огромна. Флексибилни екрани биле демонстрирани во разни форми уште од 2004 година – и експертите предложуваат дека во иднина лаптопи и читачи за e-книги еден ден би можеле да изгледаат како „пенкала“ со процесор и екран како „лист“ хартија завиткани околу нив. [Galaxy Skin: Samsung to release bendy-screened smartphones ‘in spring 2012’]