Првата вертикална шума на Азија ќе создава по 60 кг. кислород на ден

Наречени се Nanjing Towers, а кога ќе заврши нивната изградба – во 2018, ќе бидат првите вертикални шуми во Азија. Ќе бидат изградени во Нанџинг, Кина, и ќе произведуваат по 60 килограми кислород дневно.

Дизајнирани се од италијанскиот архитект Стефано Боери, а кулите ќе бидат високи 200 метри и ~108 метри. Заедно ќе бидат дом на преку 1.000 дрва и отприлика 2.500 грмушки, од 23 различни локални видови.

Во повисоката кула ќе има и канцеларии, музеј, школа за зелена архитектура, а и ноќен клуб на кровот, додека помалата на кровот ќе има базен, а ќе вклучува и 247 соби од хотелот Hyatt.

Ова не се првите вертикални шуми дизајнирани од Стефано. Две веќе има изградено во Милано, а слични се планирани и за Лозана, Швајцарија. Во еден сé позагаден свет како денешниов, зелените кули на Стефано се вистинско освежување. Буквално.

Прочитајте и:  Кина по зеленото светло за Украина за напади во Русија: Најитно е да се поттикне деескалација што е можно побрзо

Во Лозана:

Во Милано:

- Реклама -