Првата дама на САД Џил Бајден разговараше телефонски со Меланија Трамп

Првата дама на САД Џил Бајден телефонски разговарала со нејзината претходничка Меланија Трамп, сопругата на поранешниот претседател Доналд Трамп, објави Ен-Би-Си њуз,повикувајќи се на неименуван претставник на Белата куќа.

Како што е наведено, Џил Бајден разговарала со Меланија Трамп во неделата попладне.

Разговорот уследи по атентатот врз Трамп во саботата за време на неговиот предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, кога беше полесно повреден.

Вооружениот напаѓач, 20-годишниот Томас Метју Крукс и најмалку еден од учесниците на митингот беа убиени, а уште две лица кои присуствуваа на собирот беа тешко повредени.

Прочитајте и:  Сијарто: Провоените сили во Вашингтон и Брисел го почнаа финалниот „напад на новата реалност“
- Реклама -