Прва проценка на НАТО: Вкупните загуби на Русија во персонал се движат меѓу 30.000 и 40.000

Во војната во Украина досега се убиени меѓу 7.000 и 15.000 руски војници, проценува НАТО во својата прва јавна проценка од почетокот на војната во Украина.

Според алијансата, Русија досега претрпела меѓу 30.000 и 40.000 загуби во персонал. Бројката вклучува жртви, исчезнати, повредени и заробени војници.

Како што истакна анонимниот функционер на НАТО кој ги презентираше податоците, проценката е базирана на комбинација од податоци од украинската Влада, индиции од Русија, и информации од теренот.

Американската Влада, од друга страна, досега одбива да објави проценки, наведувајќи дека досега достапните информации не се веродостојни.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Павел: Нема мир во Украина без Русија и Кина на преговарачката маса
- Реклама -