Се појави првата фотографија на Samsung Galaxy Note 2. Наследникот на популарниот Galaxy би требало да се појави до крајот на годинава, најверојатно на IFA во Berlin.
Новата направа наводно ќе има 5,5 инчен екран, поголем од оригиналниот 5,3 инчен дисплеј. Внатре меѓународната верзија на телефонот ќе има Exynos 4 процесор со четири јадра, 2 гигабајти RAM и S-Pen технологијата на Samsung.
Како врв на сè корејскиот технолошки џин би требало да го опреми Samsung Galaxy Note 2 со Android Jelly Bean со што ќе обезбеди успех во пред-празничниот шопинг. Фотографијата се појавува непосредно по излегувањето на Samsung Galaxy Note 10.1. [Unannounced Samsung Galaxy Note 2 “excites” the web]