Прв саем за женско претприемништво на Југоисточна Европа во Дубровник

На 4ти Април 2014 година, во Дубровник, Хрватска, ќе се оддржи настан со исклучителна важност за балансирањето на половите структури во бизнисот, како еден од клучните правци за решавање на општествени и економски проблеми на национално и регионално ниво. Се работи за прв саем за женско претприемништво во Југоисточна Европа во организација на ГТФ – Gender Task Force, во состав на Светскиот собир на меѓународни здруженија на бизнис жени – FCEM, во соработка со Дубровачко – Неретванска општина и здржението на бизнис жени.

На саемот ќе присуствуваат повеќе од 100 учесници, меѓу кои жени претприемачи, претставници на здруженија за бизнис жени и стопански комори од 9 земји вклучени во овој проект (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Молдавија,  Србија, Турција и Бугарија).Настанот ќе биде отворен од страна на повеќе државни претставници од земјите од регионот како што се заменик министерот за претприемништво на Хрватска, Дражен Прос, Брунилда Паскали, заменик министер за економски развој, трговија и претприемништво на Албанија и Мери Ен Рукавина Чипетиќ, директорка на регионалниот центар за еднаквост на половите.

Овој саем е дел од тригодишниот проект ,,Женско Претприемништво: Моторот за создавање на работни места во Југоисточна Европа”  кој го предводи ГТФ, а е финансиран од страна на Шведската развоја агенција СИДА (SIDA), со цел промовирање на најдобрите пракси во женското претпиемништво во сообразност со европскиот закон за мали фирми и градење на нацинонални и регионални организации и здруженија за жени претприемачи.

Македонските претставнички од македонската Стопанска комора, Македонска мрежа на ментори и останатите домашни организации кои ја третираат оваа тема ќе земат активно учество на првиот саем за женско претприемништво на Југоисточна Европа.

 

 

- Реклама -