Прв чекор кон интерактивна мода

Дизајнери од Studio Roosegaarde, фирма за интерактивен дизајн од Холандија, создале фустан кој реагира на телото на оној што го носи.

Еден од фустаните менува бои во такт со ритамот на срцето на оној што го носи, станувајќи проѕирен. Фустанот “Intimacy 2.0” е направен од e-foils, кои стануваат проѕирни кога низ нив минува електрична струја. Дизајнерите велат дека „Социјалните интеракции ја определуваат проѕирноста на облеката, создавајќи сензуална игра“.

Значи ако поради некоја причина срцето на жената започне да чука побрзо, фустанот ќе покаже повеќе кожа. При здодевен разговор со непосакувана личност фустанот ќе остане непроменет. Иако оваа верзија на фустанот изгледа како неуспешен обид компанијата им нуди соработка на неколку врвни модни дизајнери.

{youtube}cR3AH8BHLCs{/youtube}

Studio Roosegaarde, кои се одговорни и за создавање на подиум кој генерира електрицитет го опишуваат фустанот како „совршен за црвениот тепих“ но тоа би било вистина само ако личноста која ќе се реши да го носи се подготвува за „проблеми со гардеробата“.

- Реклама -