Иако апликацијата Google Arts and Culture (Google Play, iTunes) постои од 2016-та, вистинска популарност доживеа дури викендов. Не е случајно; сега е додадена нова опција – „face match“, која го споредува вашето селфи со низа портрети зачувани низ илјадниците уметнички музеи низ 70 земји во светот. Ова е веројатно најдобрата „провери на кого личиш“ ствар во досегашната историја, а корисниците на интернет реагираат соодветно – сите сакаат да проверат кој им е двојникот од светската уметност.
Опцијата „face match“ ja овозможува алгоритам кој користи системи за фацијално препознавање за да го детектира лицето на корисникот, создавајќи „faceprint“ (фацијален отпечаток) кој идентификува уникатни карактеристики и ги спарува со слични карактеристики најдени во уметничките дела до кои апликацијата Arts and Culture има пристап.
Најубавата страна на новиов тренд е што луѓето сакаат-не сакаат ќе поднаучат нешто повеќе за културата и уметноста. Апликацијата ви овозможува да се задлабочите во информациите, изворите и самите уметнички дела.
Друг важен аспект е што новата „face match“ опција е уште еден нов чекор понапред во технологијата за препознавање лица. Прво, во рамки на апликацијва работи неверојатно брзо. Второ, самата е свесна за степенот на својата прецизност (за која ве известува и вас).
Како што рековме, многумина ја пробаа. Видете уште неколку резултати, покрај тие погоре.