Нашите мотоцикли го носат најдрагоцениот товар што постои – нашите животи! Темелната рутинска проверка може да направи голема разлика кога станува збор за сигурноста и комфорот при возењето.
Никој не сака да заглави покрај патот или да доживее несреќа поради техничка неисправност на моторот. Свесни сме дека додека возиме на мотор сме изложени на многубројни ризици, сепак може многу да направиме за да ги намалиме ризик факторите со тоа што ќе се подготвиме ние самите, но и својот мотор соодветно за возењето.
Овие совети нека бидат дел од вашата рутинска проверка:
1. Гуми
– Притисок: се мери кога гумите се ладни. Вообичаено производителот си има свои препорачани вредности и тоа најчесто различни за предните и за задните гуми.
– Шарата: ако се излижани до сигурносниот маркер, тогаш е време за промена, обрнете внимание на нивото на истрошеност на шарите, нерамнини, пукнатини, меури ….и било какви страни тела!
2. Бандажи
Брза проверка на фелните, навистина ретко се случува нешто да не е во ред со нив, но подобро да се провери пред поаѓање, отколку потоа да се прашувате „Како е можно?“. Доколку возите постар мотоцикл или мотоцикл со жичани бандажи не заборавајте дека тие треба да бидат еднакво затегнати и здрави. Иглиците се затегаат со клуч за иглици. Бандажите треба да се прави.
3. Преносен систем
Освен ако не е на електричен погон твојот мотор има ланец, каиш или пак е на кардан. Провери дали ланецот е чист, добро затегнат и дали е добро подмачкан. Провери дали каишот е затегнат и во каква состојба е. Ако е со кардан, провери го нивото на масло и дали има протекување!
4. Кабли и црева
Проверка од око дали се забележливи изгореници или набабрувања на каблите со струја. Доколку сте во можност „фрлете око“ и на цревата за бензин како и оние за глицеринот.
5. Ниво на течности
Моторно масло, масло за кочници, масло за менувач, и ладилник. Послужи се со брошурата од производителот на твојот мотор за правилен начин на дополнување и внимавај дали има некакво протекување.
6. Светло и електроника
Провери го стоп светлото со предната и задната кочница посебно, провери ги трепкачите, свирката, краткото и долго светло.
7. Издув
Треба да стои добро прицврстен на својата позција.
8. Кочници
Провери дали се истрошени плочките за кочење.
9. Штендер
Дали цврсто се собира и враќа на место, не би сакале кога ќе го спуштите надолу да се врати во првобитна положба. Осигурајте се дека нема извиткувања или пукнатини. Проверете и дали сигурносниот сензор за гасење функционира.
10. Рачки за кумплунг и кочница
Лесна подвижност, соодветна „луфта“ и прецизна функција.
Објавено во соработка со Мотори.