Софија 29 септември 2021 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Република Бугарија врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата на Република Северна Македонија – Владимир Крстевски, поради утврден случај на замена на бугарски споменик сместен на територијата на југозападниот сосед, соопшти бугарското МНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на денешната средба во Министерството, директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа – Вања Андреева, го известила в.д. шефот на македонската амбасада дека бугарската дипломатска мисија во Скопје открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.
Исто така, откриено е дека е заменет оригиналниот натпис на литературен бугарски јазик, отстранети се делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените бунтовници.