Во Бујановац денеска се одржа протест во организација на Националниот совет на Албанците (НСА), кој меѓу другото побара „запирање на пасивизацијата на адресите на живеалиштата на албанските граѓани“, како и нивно поголемо присуство во државните институции и фирми.
Претседателот на Советот, Невзад Лутфиу истакна дека албанската заедница се соочува и со проблем со нострификација на дипломите во Србија. Тој додаде дека протестите ќе продолжат.
Според него, од 24-те малцински заедници во Србија, Албанците се во најлоша позиција и побара меѓународната заедница да ги разгледа нивните барања.
На собирот била прочитана и декларација со која се бара имплементација на договорот потпишан меѓу Владата на Србија и претставниците на Албанците, особено делот поврзан со нивната интеграција, пишува порталот Бујановчке.