Протерајте ги досадните муви со кеса вода

Повеќе... Иако најдовме начин како да се отарасите од комарците во лето, мувите некако постојано се во близина и нема спас од нив(освен бруталната тепалка за муви).


imgp0024.jpgИако најдовме начин како да се отарасите од комарците во лето , мувите некако постојано се во близина и нема спас од нив(освен бруталната тепалка за муви).

На интернет има многу начини за да ги избркате мувите, но не сите функционираат. Според коментарите, ова е многу едноставно и луѓето низ целиот свет го користат во своите домови, ресторани и сл.

Според теоријата, домашните муви се нервозни и посветени на одбрана затоа што кога ќе видат како нешто мрда во близина, веднаш помислуваат на предатор. Кесата со вода функционира како леќа, на која движењата од луѓето се рефлектираат. Мувите ги гледаат сенките кои се менуваат од светло во темно на кесата, што се интерпретира како движење во близина, па така константно ги менуваат позициите се додека не одлучат дека околината е преопасна и заминат.

Значи, следниот пат кога ќе имате проблем со мувите, земете пластична кеса, наполнете ја со вода и покажете им нов трик на соседите!

Коментарите за овој метод се добредојдени во нашето мејл сандаче и ќе бидат селективно објавувани на оваа страница.

- Реклама -