За да се чувствувате удобно и пространо, не морате секогаш да имате голема куќа. Секогаш е фасцинантно кога ќе се види некоја креација која е навистина кул, а во ограничен простор. Оваа е една токму таква креација.

Плац од 75m2 и не е којзнае колкав и можностите за градба на него се ограничени. Но, шведската фирма Elding Oscarson прекрасно го решил тој проблем. Кога веќе имаш ограничени можности, зашто да не ги искористиш максимално?
Оваа куќа се наоѓа во Ландскрона, Шведска. Поделена е на три нивоа, од кое секое има посебна функција. Дури има и мала градина.
Elding Oscarson е прилично млада компанија, раководена од Џона Оскарсон и Џонас Елдинг. Џонас Елдинг изјави дека лесно добиле дозвола за ваква куќа, бидејќи и градскиот архитект бил отворен за нови идеи и исто така изјави дека сѐ што сакал е тие 75m2 да ги искористи најмаксимално што може.