Тргнал на прошетка – се вратил по 11 години

На неговиот 45-ти роденден Жан Беливо од Квебек поминал преку Жак Картие мостот во Монтреал, каде што девет месеци порано добил идеја да се откаже од својот живот како продавач, и продолжил да оди 75.554 километри низ 64 земји.

Тој истрошил 54 пара чевли и некако успеал да ја одржи врската со својата сопруга Лус која останала дома додека Жан поминал 11 години во шетање околу светот. Кога се вратил во Канада многу луѓе го критикувале неговото себично бегство предизвикано од средовечната криза.

Беливо ја започнал својата прошетка со околу 3.000 американски долари, но според неговаа проценка тој потрошил околу 50.000 доалри во тие 11 години. Тој вели дека една третина од ноќите ги поминал како гостин кај семејства, една третина во шатор а остатокот во цркви, храмови џамии и затвори.

Беливо патувал во просек по 32 километри дневно, но не одел секој ден. Шест месеци му биле потребни за преминување на САД, 8 месеци за Мексико и Централна Америка. Оригиналните 3.000 долари ги потрошил во Јунжна Америка по што некој Бразилец платил за неговиот лет до Африка. Неговата сопруга ја подржала неговата прошетка и морално и финансиски и покрај тоа што сите ѝ кажувале дека е луда. [Meet the man who spent 11 years walking around the world and the woman who waited for him to return]

- Реклама -