Со манијата по турските серии кои што го зафатија цел Балкан, се оформи нов вид на туризам – посета на куќи од различни серии.
Туристичките агенции веќе организираат посебни екскурзии во Истанбул , во рамките на кои се посетуваат луксузните куќи од телевизискиот екран.
Пристапот до овие куќи почесто е забранет, но туристите се радуваат дури на можноста да ја погледнат само фасадата на куќата. Погледнете кои се 5-те најпопуларни знаменитости од турските серии.
Куќата на Перла
Турскиот серијал „Перла” до денешен ден останува меѓу најпопуларните теле новели. Затоа и не е изненадувачки интересот кон куќата во која живее главната хероина. Куќата на Перла, порано позната како куќата на Абуд Ефенди, се наоѓа во азискиот дел на Истанбул . До неа се доаѓа по крајбрежниот булевар. Зградата е меѓу најстарите во овој дел на Истанбул и локалните ја гледаат како споменик на културата.
Ако не сакате да одите до азискиот дел на Истанбул, прашајте за куќата кога ќе бидете на прошетка со брод по Босфорот. Туристичкиот водич ќе ви ја покаже.
Куќата од „Забранетиот плод”
Куќата на Аднан од серијата „Забранетиот плод” е друга знаменитост која не треба да пропуштите, ако паѓате на турски серии. Таа исто така се наоѓа на шеталиштето на Истанбул , но во европскиот дел . Белата трикатна зграда се гледа без проблем од улицата.
Кога сте во Истанбул, барајте ја како куќата Ask-i Memnu
Куќата не е отворена за посети, можете да ја видите само однадвор.
Куќата од „ Кога лисјата паѓаат“
Куќата од серијата „ кога лисјата паѓаат“ исто така спаѓа на листата атракции од серии во Истанбул. Зградата има повеќе од 120 години и во неа се снимени 25 проекти. Сопственикот ја дава под наем, со тоа што двои неколку соби за себе, во кои што живее. Затоа и веројатноста да ја погледнете куќата внатре е многу мала.
Куќата се наоѓа во азискиот дел на Истанбул.
Куќата од „1001 ноќ”
Иако заврши пред доста време, хистеријата околу серијата „1001 ноќ” не е издишана. Особен интерес за туристите претставува црвената куќа на хероината Периде од филмот. Куќата може да се види при пловењето. Нема како да ја прескокнете поради светло црвената боја.
Судбината на Фатмаѓул
Една од ретките турски серии, чие дејство не се развива во Истанбул, е „Пепел од рози”. Заплетот се разигрува во Чешме, Турција . Од мостот во сите правци пред вас ќе видите сцени од серијалот. На една од малите улички ќе ја најдете куќата на главната хероина . Во Чешме се наоѓаат и двата ресторани во кои работи хероината Фатмаѓул. Едниот од нив се вели „ресторан на розата” (исто како во серијата), бидејќи оригиналниот превод е „Пепел од рози“.