Пронајдено ново решение за проблеми со крвниот притисок

Физичките вежби во топла вода можат да бидат радикално решение на проблемот со високиот крвен притисок , покажуваат резултатите од најновото британско истражување.

Ова може да се покаже како лек за илјадници луѓе кои страдаат од проблеми со крвниот  притисок, без подобрување од пропишаните  лекови.

Научниците открија дека нивото на крвниот притисок на пациентите се променило не од различните лекови, туку од вежбите во топла вода, минимум три пати неделно. Тие се категорични дека не физичката активност, туку температурата на водата е од фундаментално значење за подобрувањето на здравствената состојба.

Проблемите со пренизок или висок крвен притисок најмногу се среќаваат кај луѓето над 35-годишна возраст, а се уште нема метод, различен од лековите кој  води до гарантирано ефективно лекување.

Според истражувачите, ако жешката вода продолжи да се докажува како  тераписки ефективна врз страдалниците со висок или низок крвен притисок, таа може да биде промовирана не само во Велика Британија, туку  и во целиот свет како најдобро решение на проблемот.

- Реклама -