Во еден затурен вулкански кратер длабок повеќе од 1 километар, на планината Босави, на Папуа Нова Гвинеја, меѓународниот тим научници пронајде повеќе од 40 до сега непознати животински видови. Во овој загубен свет, еволуцијата свртела во друга насока…

Кога тимот научници од Америка, Велика Британија и Папуа Нова Гвинеја се спуштиле во неактивниот вулкански кратер длабок преку 1 километар, на планината Босави, наидоа на нешто што ги остави вчудовидени. Во изолираниот свет, еволуцијата создала некои чудни животни, до сега непознати за сите нас. Меѓу егзотичните видови се нашле: џиновскиот крзнен стаорец (кој воопшто немал страв од луѓе – веројатно зашто прв пат се среќава со нив), жаба со канџи, 2 нови видови риба (вклучително и рибата мулач која испушта чудни звуци) и еден нов вид лилјак.
Животинскиот свет таму еволуира во изолација веќе 200 илјади години, по последната ерупција на вулканот. Ова беше прв контакт на егзотичниот загубен свет со луѓето, што секако го носи еден чекор поблиску до уништување, со оглед на фактот што дождовните шуми во Папуа Нова Гвинеја се уништуваат со темпо од 3,5% годишно. [BBC team discovers 40 new species in ‘lost world’]