Промоција на ЧЕЈКА И ЧАЈКА во МКЦ

cejka-i-cajka (1)

На 6 април (среда) во галеријата на Младинскиот културен центар – Скопје, со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата ЧЕЈКА И ЧАЈКА на Вера Чејковска, во издание на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. За книгата ќе зборува промоторот Иван Џепаровски.

За љубителите на расказите, оваа збирка ќе претставува патување во несекојдневното, зачудното и (над)реалното, со многу елементи на прозни изненадувања. Иако Чејковска на публиката досега ѝ беше позната по неколкуте нејзини поетски објави, со оваа книга таа влегува и во прозните води, храбро надоврзувајќи се на најдоброто во македонската раскажувачка традиција. Токму затоа и индикативниот поднаслов на ЧЕЈКА И ЧАЈКА гласи „зборови за кои не знаеме од каде доаѓаат“.

- Реклама -