Наместо пред полноќ и со два авиона, ракометарите на Вардар ќе го донесат шампионскиот трофеј во Скопје многу порано од првичниот план. Со тоа, ќе има многу повеќе време за славје.
Според најновите информации, организиран е чартер лет, со кој ракометарите ќе пристигнат на скопскиот аеродром некаде околу 16:15 часот.
Организиран пречек ќе има на аеродромот, а потоа и на плоштадот „Македонија“.
Се гледаме таму!
ОБНОВЕНО: Шилегов потврди, ракометарите слетуваат во 18.50 часот, со чартер лет финансиран од Град Скопје