Промена на насоката во новиот календар на Pirelli

Календарот на Pirelli за 2016 година се откажува од традицијата – наместо полуголи и голи топ модели, избраниот круг негови приматели ќе ги следат месеците со сосема поинаква, но исклучително интересна селекција.

gallery-1448888344-pirelli-calendar-2016-foreword-yao-chen

Фотографиите се дело на ѕвездата Ени Лејбовиц, а календарот на Pirelli навлезе во сосема нова ера – онаа на феминизмот.

gallery-1448890494-03-pirelli-calendar-2016-march-agnes-gund-sadie-rain-hope-gund gallery-1448890401-08-pirelli-calendar-2016-august-tavi-gevinson

На календарот се наоѓаат “жени со достигнувања” и за прв пат покажува активистки, спортски ѕвезда, комедијантки и жени кои наполниле 80 години.

gallery-1448887959-pirelli-calendar-2016-november-patti-smith

Ѕвездената селекција во верзијата за 2016-та не отстапува во ниту една година од минатото на календарот, сепак тука и сега присуствуваат Јоко Оно и Серена Вилијамс. Повеќето дами се целосно облечени, а во долна облека е комична актерка Ејми Шумер, која објасни појавата со тоа дека “не разбрала како треба да се фотографира”.

gallery-1448888568-pirelli-calendar-2016-december-amy-schumer

12-те дами се избрани поради нивниот придонес кон “промените во светот”, а селекцијата на фотографии треба да ги покаже жените на различна возраст, со различни активности, форми на телото, па дури и од различни раси.

- Реклама -