Чистота, естетика и аристократизам – сето ова се содржи во една единствена боја – белата, што е во виорот на модните трендови оваа сезона.
Белата кошула можете да ја искомбинирате со сè. Таа вдахнува невиност, леснотија и свежина во вашата модна презентација.
Едноставна и погодна за сите прилики, можеби со исклучок на официјални прослави, но со вистинската галантност би можела да се претвори во одличен акцент од целовкупната визија.
Многу е важно да изберете соодветен модел за својата фигура, бидејќи белото оптички додава 1-2 килограми.
Неколку идеи за комбинирање на белата кошула со пролетната гардероба
Бела кошула и кратки шорцеви
Кога кратките панталони се во комбинација со бела кошула, имате целосна слобода да експериментирате со боите. Светли тонови или син тексас – вие одлучувате. Нашиот совет е да комбинирате шорцеви со поширока кошула, која е многу модерна во моментов. Кошула, високи потпетици и соодветен накит и вие сте подготвени за забава!
Бела кошула и здолниште со кројот молив
Идеална комбинација за градски и деловен стил.
Бела кошула и долго здолниште