Градот на светлината и престолнина на Франција, Париз често е синоним за сјај, луксуз и префинетост.
Сепак, доколку се влезе малку подлабоко во него може да се види еден различен, стар Париз.
Токму таков е источниот дел од предградието на Париз, кој во споредба со туристичките атракции делува како друг универзум.
Тука се наоѓа никогаш незавршениот „Вавилонски град“, населба од жолт бетон чии згради потсетуваат на фараонски изданија.
Недалеку се наоѓа апокалиптична населба која Холивуд неколку пати ја има користено во своите блокбастери за крајот на светот.
Фотографот Лоран Кронентал цели четири години ја фотографирал оваа париска населба, во чиј центар се наоѓа „Ноиз ле гранд“, кој по Втората светска војна бил претворен во објект за мигранти и бегалци од руралните краеви на земјата.
Проектот на фотографот е наречен „Сувенир на иднината“, а се состои од стотици фотографии од различни енклави во предградието на Париз.
„Ноиз ле гранд“ е проектиран од шпанскиот архитект Рикардо Бофил кон крајот на седумдесетите години, а покрај другото целта била да се создаде микс на општествени класи. Тој сакал од населбата која служела како привремено прибежиште за бегалците да направи модерна населба.
Сепак, неговиот екперимент не бил успешен, а францускиот „Монд“ неуспехот го препишал на Бофиловата млада утопистичка наивност.
Наместо мултикласно население, „Ноиз ле гранд“ денес е полупразна населба во која живеат претежно стари луѓе.