Производите на „Суташ“ достапни на полиците во Македонија

Суташ млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт, се производите кои се произведени во Скопје и се веќе достапни во Македонија.

Суташ фабриката во Скопје, Македонија (Балканска Млекара) со преработувачки капацитет од 70 милиони литри годишно млеко, започна со производство. Генералниот менаџер на Балканска Млекара Али Мушфик Созер изјави:

Mr Sozer

“Во изминатата година, ја подготвувавме фабриката во Скопје да започне со производство и инвестиравме 13 милиони евра. Подготвени сме да ги претставиме производите пред потрошувачите. Задоволни сме што нашата 38-годишна експертиза, посветеност и природен вкус ќе ги претставиме во Македонија. Веруваме дека нашите производи ќе бидат примени со позитивни реакции од страна на потрошувачите во Македонија, во земјата со која делиме заедничка култура и наследство. Започнувајќи од денес, производите на Суташ, млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт ќе бидат достапни на полиците во маркетите. Во текот на оваа година, наша цел е да го дистрибуираме нашиот природен вкус, да го зголемиме изборот, како во Македонија така и во останатите држави на Балканот.“

Produkti

Созер објасни дека интегрираниот бизнис модел на Суташ, “Од трева до трпеза“ претставува гаранција за природен и вкусен производ и додаде, “Ние инвестираме во единствениот Суташ интегриран бизнис модел “Од трева до трпеза“ во целиот регион каде што сакаме да се етаблираме. Имаме намера да го примениме овој модел во Македонија, особено во млечната индустрија, продолжувајќи да инвестираме во едукативни центри, земјоделие, сточарски фарми, фабрика за сточарска храна и во рециклирачки и енергетски погони.“

Врз основа на планираната инвестиција, во Балканска Млекара Македонија се очекува бројот на вработувања да достигне до 250 лица.

 

- Реклама -