Можеби не сте слушнале дека црниот дроб е одговорен за највеќе витални функции во човечкиот организам. Тој е одговорен меѓу другото за нашиот имунитет, но и претставува орган во кој се уништува сè она што би можело да ни наштети! Од друга страна, тој е единствениот орган на човечкото тело кој почнува да старее по седумдесетата година од животот.
Можеби не сте слушнале дека црниот дроб е одговорен за највеќе витални функции во човечкиот организам. Тој е одговорен меѓу другото за нашиот имунитет, но и претставува орган во кој се уништува сè она што би можело да ни наштети! Од друга страна, тој е единствениот орган на човечкото тело кој почнува да старее по седумдесетата година од животот.
Неговите клетки имаат исклучителен капацитет за регенерација. Според хирургот Дејвид Лојд, кој се занимава со истражувања во врска со овој орган, може да се отстрани голем дел од овој орган во тек на хируршка интервенција и тој потоа ќе израсне до својата првобитна големина во рок од само три месеци!
Ако седумдесетгодишен донатор водел здрав живот, не пиел алхохол, не консумирал дрога, и не бил болен од тешки инфекции, може да даде црн дроб за трансплантација на дваесетгодишник, кој потоа може да продолжи нормално да живее.
До неодамна кога црниот дроб престануваше да функционира, сè завршуваше фатално. Трансплантацијата е решение, но проблем беше пронаоѓање на соодветен донатор. Но, како и во сè, и во овој домен на повидок е нова надеж за луѓето со оштетен црн дроб. Американските научници создале функционални делови на ткиво од црн дроб, за што се верува дека се голем напредок кон можноста за лабараториско производство на овој орган, но и на други органи наменети за трансплантација.
Истражувачите од Massachusetts General Hospital во последниот број на стручниот магазин Nature Medicine објавија дека за новата постапка за создавање ткиво на црн дроб во лабораторија клучни се хепатоцитите, тип на клетки на црниот дроб кои со помош на базичната структура на ткивото и своевидна конструкција која треба да ги пополни новите клетки, може да се создаде ново ткиво на црниот дроб. Вака произведеното ткиво, тврдат тие, може нормално да функционира неколку часа по трансплантацијата, покажале тестирањата спроведени врз животни.
Слична техника е користена во 2008 година кога во Шпанија со помош на матични клетки на пациент во лабораторија му бил “одгледан” нов душник и потоа успешно му бил имплантиран.
Инаку, црниот дроб најчесто се оштетува од нелекувана жолтица (хепатит A, B и C), од консумирање големи количини алхохол, од труења со разни хемикалии и друго.
Значи, може да се создаде црн дроб во лабораторија, но, сепак, најдобар е оној природниот, својот, затоа внимавајте што консумирате, како живеете, а, пред сè, внимавајте на хигиена на рацете, се разбира, ова повеќе се однесува на помладата популација.
Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР