Секс-играчките можеби се супер, ама се далеку од чувството на вистински контакт. Но, по се изгледа, ова е на пат да се смени, благодарејќи на новата генерација на интернет-секс-играчки, општо наречени теледилдоника. Овие „long-distance“ играчки дозволуваат меѓусебно да се допирате и чуствувате со парнерот, во реално време, преку направи што комуницираат преку интернет.
Новата компанија Kiiroo, е видно загрижена за модерниот начин на живот, исполнет со технологија и отсуство на човечки допир, па разви нов концепт за да го врати допирот на сцена, преку технологијата! Преку идејата да се направи микс од хардвер и социјалните мрежи, компанијата се обидува да ја преземе улогата на лидер во бизнисот на е-задоволството и, евентуално, тотално да ја смени иднината и концептот на секс (намерно или не).
Да прејдеме на играчките (помагалата):
За дамите, тука е OPue, вибрирачко дилдо со сензори што стимулираат. За момците, тука е SVir – машки „паметен“ мастурбатор, налик fleshlight со 8 контракциски прстени што симулираат реакција. Наводно, направите ќе можат да се синхронизираат со акцијата во порно-филмовите; и ќе им даде можност на мажите да грабнат дел од акцијата?
OPue, од друга страна, ќе нема капацитет да прима информација во реално време, како што ќе може SVir, па стимулациите ќе бидат еднонасочни. Не е сосема јасно зошто, можеби компанијата сака да ги таргетира стриктно мажите, а можеби се работи и за одредени проблеми со технологијата, поради комплексноста на женската анатомија? Штета (?) и срамота е што чувствувањето нема да биде заедничко. Сепак, штом технологијата на праќање и примање сигнали е тука, прашање на време е кога Kiiroo ќе ги усоврши своите играчки, или пак некоја нова компанија ќе излезе со свои.
Да се вратиме на главното: Kiiroo гради платформа за социјална мрежа „каде што ќе можете да споделите содржини по ваша желба, колку сакате“. Промо-видеото го опишува ова како да е едноставен чет, флерт, обичен разговор искуцан со една рака, а основачот на компанијата се надева на соработка и со други платформи, со цел да се зголеми степенот на учество и внесеност во овие дигитални секс-конекции.
Погледнете го официјалното промо-видео:
Дали е ова иднината на мастурбацијата? Дали е ова иднината на сексот? Дали е ова „врвна“ и возбудлива, или пак морничава технологија? Би ги користеле ли вие играчките? Додека размислувате околу овие прашања, не заборавајте на моралните аспекти на истата. Дали користењето на играчките од страна на вашиот партнер (со некој друг) е неверство? А што е со можноста една е-вагина да емитува информација до повеќе (па и цела мрежа) е-пениси, и обратно?